top of page

About 

Меморија ленгдендарна поп-рок македонска група, која зад себе има оставено
големи хитови кои имаат оставено печат на македонската поп-рок сцена.
Биографијата на групата Меморија официјално започнува во Скопје - 1985год.,
основачи на бендот Меморија се Перо Георгиевски - Камиказа, Душан Трпковски
- Ринго и Дејан Миновски.
Првиот состав на групата се музичките таленти Перо Георгиевски (Бас гитара),
Антонио димитриевски (Тапани), Дејан Миновски (Клавијатура), Зоран Илиќ
(Вокал) и Дуле Трпковски (Соло гитара). Низ текот на годините бендот Меморија
работејќи напорно и творејќи музика на Македонски јазик, станува препознатлив
и популарен бенд кои испишува историја во македонската музика. Иако бендот
доживува постојани измени на музичарите, целта е обезбедување на квалитетен
музички израз. Од првата постава на бендот може да се издвои хитот „Нена“ во
изведба на првиот вокал на групата Зоран Илиќ – Зоци. Подоцна групата
Меморија прави повеќе концерти низ Скопје низ кој ќе добијат голема слава во
80ти те. Со промена на местата на Ринго и Зоран со нови членови се снима
првиот студиски албум 1989 ' Оган под ѕвездите'. Aлбумот е снимен во состав:
Апостол Икономов - Поце (вокал), Перо Георгиевски - Камиказа (бас), Антонио
Димитриевски (тапани), Дејан Кузмановски, Валентино Скендеровски
(Клавијатура), Ицко Јовковски и Бане Поповиќ (гитари), продукцијата на албумот
е на Валентино Скендеровски. Овој албум е првиот студиски албум објавен на
македонски јазик од страна на Македонската Радио Телевизија.
Малку подоцна во 1991год. Групата ќе ја сними плочата 'Oктомвриски дождови'.
На ова издание покрај вокалот на Апостол (Поце) Икономов, на некои нумери
може да го слушнеме и вокалот на Ристо Самарџиев.
Низ годините групата Меморија настапува на голем број концерти. По
направената пауза од неколку години во 2017 година бендот повторно се
здружува и прави спектакуларен концерт во Метрополис Арена Скопје на кој
гостуваат и значајни имиња од македонската поп и рок сцена од седумдесетите
и осумдесетите како Гранит Таки кој ја испеа легендарната „Неправда“, Мики
Јовановски – Џафер со „Одам на ју“г, Зијан од Гевгелија со „Пушти коси“ и многу
други хитови. Многубројната публиката на овој концерт со овации го дочека
бендот и желбата да се слушнат македонските музички хитови.
Водени од оваа инспирација пет години подоцна во 2022 групата го повтори
огромниот успех со два нови концерта во Скопје, во салата Борис Трајковски и
во Битола со концерт на отворено на ракометното игралиште. Повторно ја
почестија публиката со своите пријатели: доајенот на македонската музичка
сцена, Венко Серафимов – Конкорд со„Високи штикли“, Славчо Стојановски –
Морал, енергичните Ласт Експедишн со „Шефе“и Некст тајм со „Ја излези Ѓурѓо“.
Со тоа Меморија оставија уште еден белег во времето славејќи ја македонската
современа и традиционална музика.
Инспирирани од огромниот интерес на публиката и водени од креативната
енергија со желба да се твори и да се дадат нови музички хитови на публиката
која несебично ги поддржува во 2024 година Меморија објавува нови песни. Тоа
се „За тебе“ на Перо Георгиевски -Камиказа, „Мој народе“ на Ристо Самарџиев,
„За добро нека е“ како нова соработка со гитаристот Рубин Димкоски, сплетот од
патриотски стихови и ноти „Македонски бисери“ и обработката на песната „Јана
мома“ од групата Триангл, под името „Јано!“. Дел од новите песните се испеани
на концертот во Домот на млади - Штип одржан на 01.06.2024 година, а на
концертот гостуваа штипјаните Ивица Јордановски (гитара) и Трајче Манев со
безвременската макфестовска „Осамен“. Најновите песни ќе бидат јавно
претставени на публиката на големиот славенички јубилеен концерт „Меморија
– 40 години постоење“ кој ќе се одржи на 16.11.2024 година во СЦ Борис
Трајковски во Скопје, на кој ќе гостуваат и Ареа, Дани Димитровска, Андријана
Јаневска, Сара Мејс и др.

Дискографија
Оган под ѕвездите (студиски албум) (1989)
Октомвриски дождови (студиски албум) (1991)
Меморија Live (албум во живо) (1991)
Зошто боже? (студиски албум) (1993)
Меморија 5 (студиски албум) (1995)
Greatest Hits Меморија (компилација на хитови CD)(2017)
Балади Меморија (компилација на балади CD)( (2017)

Членови на бендот (актуелна постава)
Апостол Икономов - Поце (вокал)
Ристо Самарџиев (вокал)
Петар Георгиевски – Камиказа (бас гитара)
Сашо Ангелов (тапани)
Давор Јордановски (клавијатури)
Рубин Димкоски (гитари)

Членови на бендот (поранешни)
Антонио Димитриевски (тапани) , Душан Трпковски - РингоЗоран Илиќ (вокал), Дејан Кузмановски (гитари), Ицо Јовковски (гитари), Александар Хаџипаунов, Димитар Божиков (гитари), Бане Поповиќ (гитари), Валентино Скендеровски (клавијатури)

Дупло CD Memorija 2024 Live (22).png

© MEMORIJA 2025

bottom of page